Живот во Македонија за сите. Од денес ова е наша света обврска. Граѓаните се на прагот да добијат реформска влада по 11 години режим, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ во своето обраќање пред присутните делегати, гости и новинари на 22 редовен конгрес на партијата.
„Поминавме долг пат по улиците заедо со граѓаните. Се откажавме од својата удобност. Не мислевме само на себе, мислевме на сите нас. Ова не е крај на битката. Ова е нашиот почеток, од овде нов почеток за нашата Македонија. Да се насочиме на нови доброплатени работни места. Секој да се чувствува сигурно, со рамноправни шанси за успех. Верував, а денес знам дека не сум сам, различностите се наша сила“, рече Заев.
На почетокот на својот говор го поздрави и поранешниот претседател Бранко Црвеновски кој доби аплауз од делегатите.
На крајот од говорот им се заблагодари на сите граѓани, како што рече, не за поддршка на СДСМ, туку за борбата против режимот. Заев, на крајот, побара од делегатите да ветат дека ќе заборават на своите лични интереси и дека ќе работат единствено во интерес на граѓаните и Македонија.
Катерина Смилева