(ВИДЕО) Заев го напушти Крушево и веднаш замина за Кочани!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва ја напушти централната манифестација на Мечкин Камен по алармантните вести дека голем пожар има во Кочани, а ситуацијата не е подобра и во кумановскиот регион. 

Според надлежните служби, пожари има во Ранковце каде се изгорени и куќи, борова шума гори во Делчево и во Пехчево, пожар има и во села во Македонски Брод, во Општина Липково, како и кај локалитетот Кокино во кумановско Старо Нагоричане. Како можни причини за избувнувањето на пожарите, надлежните ги наведуваат топлото време и човековиот фактор.

Поврзани новости