(ВИДЕО) Волкановски ја загуби титулата во УФЦ

by Fokus

Во Анахејм (САД) синоќа се одржа турнирот во мешани боречки вештини UFC 298. Во главна борба актуелниот шампион во перо категорија (до 65 кг), Австралиецот со македонско потекло Алекс Волкановски, беше поразен од Шпанецот со грузиски корени – Илја Топурија.

Борбата заврши со победа на Топурија со нокаут во втората рунда. Така Топурија (27) стана нов шампион на UFC во перо категорија.

35-годишниот Волкановски во својата ММА кариера има 26 победи и четири порази. Алекс претрпе два од четирите порази во борбите со шампионот во лесна категорија, Русинот Ислам Махачев.

Топурија стана само петтиот ММА борец кој стигнал до титулата шампион во оваа категорија, а со оваа победа ја прекина доминацијата на Волкановски, која траеше седум години.

Поврзани новости