ВИДЕО Вмровците обвинија за полициска бруталност на вчерашниот протест

by Fokus

Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност и против се она што се случуваше од страна на полициските сили на протестот на Табановце и воедно апелираме и бараме од Судот веднаш да биде ослободено лицето кое е долгогодишен член и активист и виден граѓанин на овој град Куманово, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Значи уште еднаш потенцирам дека лицето е неправно задржано во полициската станици и нема никакви причини и аргументи од они кои што се изнесуваат во јавноста – изјави Марио Цветковски.

Од МВР денеска информираа дека ќе биде биде поднесена кривична пријава против Ф.Ф. од Куманово за  нападот врз полицаецот. Тој се товари за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Поврзани новости