Штрајкуваат работниците од фирмата на Сеад Кочан, утре најавуваат блокирање на седиштето на кинеската компанија

by Fokus

Околу стотина работници од компанијата „Трансмет“ на Сеад Кочан кои работат на изградба на автопатот Кичево – Охрид денеска протестираа поради неисплатени три плати и придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

Тие најавуваат дека ќе продолжат со протестите и во наредните неколку денови, а утре најверојатно кај селото Извор ќе го блокираат локалното седиште на кинеската компанија Синехидро, која е главен изведувач на работите.

Од фирмата, пак уверуваат дека до крајот на оваа недела ќе бидат исплатени две од заостанатите три плати и оти работите на автопатот ќе продолжат.

 

Поврзани новости