636
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите политички партии на ниво на Европа, покажува истражувањето на СКУП -центарот за истражувачко новинарство.
Партијата поседува 93 имотни листови во кои е запишана вкупна површина поголема од 33.000 метри квадратни. Вкупната вредност на имотот на ВМРО-ДПМНЕ се проценува на околу 60 милиони евра.
Само за споредба Христијанско Демократската Унија на Ангела Меркел во Германија поседува имот од 50 милиони евра, додека Лабуристичката и Конзервативната партија во Велика Британија заедно, не поседуваат поголем имот од 20 милиони фунти.
Целиот документарец од истражувањето можете да го погледнете тука.