Заев: Специјален суд за враќање на довербата во судството

by fokus

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина со невладиниот сектор рече дека неговата партија е за формирање Специјален суд или одделение кое ќе одлучува за предметите на СЈО. Според опозицискиот лидер тоа е неопходно за да се врати довербата во судството.

– Ние сме за Специјален суд, Специјално одделение. Оваа искра надеж на правда, на правната држава, на враќање на правната држава којашто ја создадовме први меѓу еднаквите, јас бев, Груевски, Тачи и Ахмети. Верувавме во тоа, дадовме збор. Е сега власта е на мегдан, власт е, можеби утре ние ќе бидеме на мегдан, не знам кој и да е, законот мора да биде еднаков за сите. Ако нема кој да биде тој што ќе му го држи стравот на политичарот, без разлика дали ќе работи во извршна власт, во парламентот, во локална самоуправа или било каде, ништо не правиме во нашето општество. Првата најзначајна реформа мора да биде во судството и тоа е најважно – рече Заев.

Инаку на денешната трибина се говореше за кои реформски зафати треба да ги преземе новата Влада во првите шест месеци. На темата говореа говореа повеќе експерти од областа на економијата, судството, човековите права, образование, здравство и младинскиот сектор.

Опозицискиот лидер  истакна дека како партија се отворени за предлозите и сугестиите на граѓанскиот сектор и оти во Македонија мора да се случат промени кои ќе се фокусираат и ќе го издигнат граѓанинот над се.

Поврзани новости