СЈО нема да објави ништо за „Монструм” и Нешковски се додека не се заштитат сведоците

by fokus 18:14
18:14

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред да ја напушти седницата со Советот на јавни обвинители поради мобинг, имаше куса презентација на шестмесечниот извештај за работата на СЈО.

Јанева тука уште еднаш побара измена на Законот за заштитени сведоци, додавајќи дека очекува поддршка од колегите во Советот.

- Advertisements -

Во тој контектс, на прашања за случаите „Монстурм”, „Сопот” и за Мартин Нешковски, Јанева рече дека јавноста нема ништо да дознае се додека нејзините сведоци не се заштитат.

Голем број од членовите на Советот изразија поддршка на Јанева за измените во законите за поголема заштита на сведоците. Сепак, дел од нив го оспоруваат барањето на обвинителката да се продолжи мандатот за работа на СЈО.

По кратка расправа Јанева рече дека го напушта Советот поради личните навреди од Зоран Сулејманов, член на Советот кој, како што рече, почнал да ја напаѓа за работи кои не се однесуваат на извештајот.

Јанева додаде дека нема да трпи лични навреди и си замина.

Поврзани новости