460
По повод 115 годишнината од загинувањето на војводата Методија Патчев, пелагониски-преспанскиот владика Петар и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески положија цвеќе во прилепското Кадино Село, по што ја пееја македонската патриотска песна „Послушајте патриоти“.
На настанот бес присутни и претставници на неколку таканаречени патриотски здруженија облечени во црно и со црни беретки.
-За прв пат сме тука и ветуваме дека сето ова ќе стане традиција во наредните години, како здружение стоиме на браникот за одбрана на Татковината како вистински македонски синови, рече Горан Лазарески од Патриотските здруженија.