ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор ја втурнува целата држава во политички амбис

by fokus

СДС за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор ја втурнува целата држава во политички амбис, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

-Криминалната групација СДС не успеа во обидот за пуч. Не успеа со прекршување на Деловникот за работа на Собранието, законот и Уставот, да избере Тирански Претседател на Собранието. Криминалната групација СДС не успеа да го направи првиот чекор за на мала врата да ја протурка Платформата од Тирана. Криминалната врхушка на чело на СДС сепак не се откажува од таквата своја намера, да формираат Влада по волјата на Рама. Криминалната врхушка на СДС за да се спаси себе си од прогон клекна пред Рама, клекна и пред Села и пред сите кои ја негираат македонската државност, народ и национални симболи. Криминалната врхушка на СДС сака да избере Тирански Претседател на Собранието и што побргу да воведе двојазичност на Македонија, двојазични униформи и банкноти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДСМ наспроти себе ги имале граѓаните на Македонија, кои си ја бранат својата држава.

Поврзани новости