На протестот кој денеска се оддржа пред Вестимнистерскиот суд во Лондон, со барање Јулијан Асанж да не биде екстрадиран на властите на САД, новинарот на Фокус, Ненад Живановски, успеа да постави прашање на лондонската модна икона Вивиен Вествуд, која е еден од најгласните активисти и поддржувачи на работата на Асанж. На прашањето на нашиот новинар дали верува дека Асанж ќе биде ослободен од екстрадиција, Вествуд одговори:
–Не верувам дека ќе биде ослободен и затоа сум уплашена. Меѓутоа, ако тоа се случи тоа би било извонредно и би претставувало триумф на демократијата, бидејќи тој е единствениот кој ја кажува вистината. Тој сјаее светло во светот на корупцијата и е единствениот кажувач на вистината и е единствениот демократ. Ние имаме само уште еден-двајца лидери кои останаа демократи. Го имаме Макрон, ја имаме Меркел и не сум сигурна за уште еден политичар во Италија, кој е ок. Меѓутоа, на статокот од светот заборавете! Тој е изгубен бидејќи од врвот до дното се диктатори кои се на власт и кои се манијакални личности.
Во неодамнешното интервју кое го даде за Фокус, таткото на Јулијан Асанж, Џон Шиптон, изрази загриженост дека на некои влади би им одговарало и би сакале да го видат неговиот син мртов. Исто така, и известувачот на Обединетите нации за човекови права, Нил Мелцнер, по посетата на Асанж во лондонскиот затвор, ја обвини британската влада дека со постојаната изложеност на Асанж на сериозно ментално и емоционално страдање, применува психолошка тортура или друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Кон осудата се приклучија и над 60 еминентни лекари кои потврдија дека здравјето на Асанж е толку критично што секој момент може да умре во затвор.
Доколку дојде до екстрадиција на Јулијан Асанж на САД, тој се соочува со казна затвор од 175 години.
Ненад Живановски