Заев за најавените протести: Кај опозицијата се гледа една грозотија од фрустрација зошто не се на власт

by fokus

Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт. 

Протестите, рече Заев, се нормална работа во слобода и во демократија, па додаде дека тој како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направи сѐ да не дозволи да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот. 

-Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт, рече премиерот Зоран Заев прашан да ги коментира најавите на опозицијата за организирање протести.

Поврзани новости