(ВИДЕО) Верижен судар со преку 100 возила во САД

by fokus

Огромна верижна сообраќајка се случи во Висконсин, САД во која се судрија повеќе од 100 возила. Неколку камиони се во пламен, а многу автомобили се заглавени под приколките на други возила.

Полицијата и Брзата помош засега не соопштуваат информации за повредени, но патот е блокиран, а граѓаните се предупредени да го избегнуваат овој дел од патот.

Надлежните утринава предупредија дека патот е прилично лизгав и опасен поради ледениот дожд кој постојано паѓаше.

Поврзани новости