ВИДЕО Утврден идентитетот на загинатите во лавината во Банско

by Fokus

Две момчиња од Софија, на возраст од 23 и 30 години се загинатите во лавината во познатиот ски центар Банско, во соседна Бугарија. Сигналот за трагедијата пристигнал во 11.28 часот, а телата на загинатите биле пронајдени пред околу еден час, со помош на кучиња трагачи.

Како што известува порталот 24 часа.бг, момчињата со даски за скијање (сноуборд) се спуштале по падините на Тодорка, на Пирин планина. Иако носеле заштитни елеци, кои се отвориле, сепак истите биле искинати од гранките врз кои се излизгале момчињата. Нивните тела биле транспортирани до базата на планинската служба за спасување, а полицијата вршела увид. Поради лошото време, веќе неколку дена е издадено предупредување до туристите во Банско да се внимава поради опасност од лавини.

-Значителен степен на опасност од лавини во планината! Не се препорачува движење надвор од пистите и истото е на сопствена одговорност! – апелираат на официјалната страница на ски центарот.

В.К.

Поврзани новости