Заев и Касами се договорија за уставните измени, се очекува да започне парламентарната седница

by Фокус

Премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА Биљал Касами постигнаа договор за уставните измени, што значи дека се обезбедува потребното двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени согласно Преспанскиот договор, велат партиски извори.

Оттука, се очекува да започне собраниската седница која спикерот Талат Џафери вчера и денес неколку пати ја одложуваше и презакажуваше токму поради барањата на Касами поврзани со дефинирање на државјанството.

Дел од пратениците веќе почнаа да се подготвуваат за почетокот на седницата, но меѓу нив не се оние на ВМРО-ДПМНЕ, кои одлучува да ја бојкотираат последната фаза од усвојувањето на уставите измени.

Поврзани новости