(Видео) Цивили бегаат од Газа: Поминуваат покрај израелските тенкови со кренати раце и бели знамиња

by Fokus

Од северниот дел на Газа вчера избегаа околу 15.000 луѓе, во понеделникот околу 5.000, а во неделата 2.000.

Израелската армија ги повика Палестинците да се преселат во јужниот дел на Газа и да го сторат тоа, како што се вели, во текот на четирите часа секој ден кога им обезбедува безбеден премин.

Најмногу бегаат децата, постарите и лицата со посебни потреби, соопшти агенцијата на ОН. Многумина одат пешки и носат многу малку работи со себе. Некои од нив рекоа дека морале да поминат низ израелските контролни пунктови за да стигнат на југ и биле сведоци на апсења.

Други рекоа дека поминале покрај израелските тенкови со кренати раце и веејќи бели знамиња.

Жителите синоќа слушнаа силни експлозии во градот Газа и блискиот камп Шата, а израелската војска соопшти дека војниците се борат со силите на Хамас длабоко во густо населената област.

Министерството за внатрешни работи на Хамас утринава соопшти дека во воздушен напад била погодена куќа во близина на бегалскиот камп Џабалија. Жител на градот Газа рече дека бомбардирањето било силно и во близина и луѓето ги фатило паника кога доцна синоќа слушнале дека израелските копнени сили се борат длабоко во градот.

Поврзани новости