(Видео) Тројца го палеле српското знаме во Грачаница, спречени од мештаните

by Fokus

Синоќа околу 22 часот три непознати лица се обиделе да го запалат српското знаме во близина на споменикот на Милош Обилиќ во Грачаница во Косово, јавија косовските и српските медиуми.

Тие биле спречени да го запалат знамето од жителите на Грачаница кои во тој момент биле во непосредна близина на споменикот.

„Синоќа имавме обид да го запалат знамето. Стапивме во контакт со очевидците, по што повикавме полиција, која спроведе истрага. Очекуваме да бидат пронајдени одговорните. Очекувам полицијата да ни каже до каде стигнала со истрагата и конечно да открие дали сме безбедни или не“, рече градоначалникот на Грачаница Срѓан Поповиќ.

Градоначалникот изрази жалење и загриженост што се уште никој не слуша што се случува во Грачаница.

 

Поврзани новости