(Видео)Товарен брод два пати удрил во мостот во Нови Сад

by Fokus

Товарен брод удрил во столб на мостот „Дуга“ (Виножито) во Нови Сад денеска околу 16 часот и 45 минути, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија за „Еуроњуз Србија“.

Беодот пловел под знамето на Словачка, со екипаж од Украина, и удрил во столбот на мостот еднаш при пристигнувањето. Потоа уште еднаш при свртувањето удрил во столбот на мостот, а потоа се потпрел на царинскиот сплав лоциран веднаш до мостот.

Според полицијата, сообраќајот на мостот е прекинат од безбедносни причини, а надлежните се на терен. Оттаму додаваат дека за се се информирани надлежното обвинителство и пристанишната капетанија.

Од безбедносни причини за сообраќај е затворен и кејот под мостот, а сообраќајот ќе биде обновен по детален преглед на мостот.

Полицијата бара трпение од граѓаните.

 

&

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NS Uživo (@nsuzivo.rs)

;

Поврзани новости