(ВИДЕО) Татко во Грција го фрлил новороденчето во контејнер

by Fokus

Татко во Грција е снимен од надзорна камера како го фрлил новороденчето во контејнер во градот Враврони, објавија грчките медиуми.

Според видеото на кое се гледа како маж од Непал држи две торби во левата рака, а во едната има бебе. Понатаму се гледа како оди низ ходникот, излегува надвор и ги фрла кесите во контејнер.

Полицијата набрзо ги пронашла родителите, а таткото признал дека го фрлил бебето во ѓубре. Сепак, тој тврди дека не го убил детето, туку дека бебето било родено мртво.

Полициски извори за „Прототема“ изјавија дека жената во четвртокот вечерта отишла во болница поради крварење, а лекарите и кажале дека е бремена. Сепак, не можеле да утврдат дали има спонтан абортус или нормално породување.

Потоа биле повикани властите со полицајци да отидат во хотелската соба каде што престојувал парот и да извршат истрага.

Фетусот е пронајден на депонијата во петокот, а резултатите треба да бидат готови во понеделник.

Поврзани новости