201
Големо свлечиште вчера се случи на регионалниот пат Новаци – Маково, кај депонијата Мегленци и буквално го проголта целиот пат.
Од видеото што го објави битолчанец, може да се види како патот е пресечен и земјата надолу пропаднала од свлечиштето.
Градоначалникот на Оштина Новаци Стевче Стевановски вчера во обраќање до јавноста извести за опасности на регионалниот патен правец Новаци – Маково, предизвикани од свлечиштето и кажа дека во моментот деформацијата ја санираат екипи на РЕК Битола и ЈП за одржување на патишта.