На преполниот плоштад „Слобода“ во центарот на Крагуевац се приредува спектакуларен пречек на студентите кои со денови пешачеа, возеа велосипеди и трчаа за да учествуваат на утрешниот голем митинг и блокада, на верскиот празник Сретение.
Во центарот на тој град пристигнаа студенти кои тргнаа од Ужице, Горњи Милановац, Чачак, Краљево, Нови Пазар, Белград и Нови Сад. Пристигнаа и велосипедисти и маратонци кои утрово стартуваат пред храмот Свети Сава во Белград. Се очекуваат и студентите од Ниш.
Група средношколци во Ниш, нивните родители и професори се собраа на раскрсницата кај Основниот суд, а потоа тргнаа на протестна прошетка до Управата на училиштето, како поддршка на студентите кои ги блокираат факултетите, јавува Јуроњуз Србија, повикувајќи се на Танјуг.
Kragujevac već gori ❤️ pic.twitter.com/8G53KZAwLS
— Daniel Bukumirovic (@bukumir) February 14, 2025