(Видео) Столтенберг очекува Украина да влезе во НАТО: „Не е прашање „дали“, туку „кога““

by Fokus

На втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази уверување дека иднината на Украина лежи во овој сојуз.

Москва ја започна оваа војна со цел „да ги затвори вратите на НАТО за Украина, ускратувајќи ѝ го правото да го избере својот пат“, рече Јенс Столтенберг во видео пораката.

„Но, се случува токму спротивното: Украина е поблиску до НАТО од кога било“, нагласи тој. „Украина ќе влезе во НАТО. Не е прашање дали, туку кога“, рече тој.

Руските сили започнаа сеопфатна инвазија на соседната земја во раните утрински часови на 24 февруари 2022 година.

„Додека ве подготвуваме за тој ден, НАТО ќе продолжи да стои покрај Украина. За ваша и наша безбедност“, рече Столтенберг.

Тој ја опиша ситуацијата на линијата на фронтот како „исклучително сериозна“ и рече дека „нема индикации“ дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за мир.

„Но, не смееме да губиме надеж. Украина постојано ги покажува своите извонредни способности и жестоката решителност“, рече тој, пофалувајќи ги украинските сили. „Вративте половина од територијата што Русија ја зазеде, вклучувајќи „артилериска муниција, противвоздушна одбрана и воени бродови… опрема и резервни делови за F-16, беспилотни летала и опрема за деминирање“.

Тој додаде дека поголема поддршка за Украина е веќе на пат.

Поврзани новости