Вчера на youtube се појави видео во кое се прикажува организираниот транспорт на бегалците помогнат од актуелен член на советот на Општина Гевгелија од редовите на власта- објавува локалниот портал Гевгелија нет. Тие ја пренесуваат содржината на видеото.
„Ајде бе, ајде малце“ – вели Бранко Митров и ги бутка мигрантите да влезат во автобусот во 13 секунда од видеото.
Портретот на Митров го има во 56 секунда, а потоа се гледа дека човек качен во автобус го симнува без образложение, ако „џ’исти момент проблем“ е некое образложение.
Од ова се гледа дека скретничар или организатор на полнењето на автобусите е лично советникот, а сето тоа го снимаат незадоволните таксисти кои остануваат извисени како локални сообраќајници со легални лиценци за вршење на јавен превоз на патници.
Самиот наслов на видеото и „Учеството на гевгелиската власт во полнење на автобусите на Амди“ навестува дека Митров се грижи да обезбеди профит за својот партиски лидер Амди Бајрам кој последниве месеци редовно праќа автобуси пред мостот на Сува река во Гевгелија и со тоа наместо помагатели, учествуваат во профитерството од бегалската криза.
Советникот Бранко Митров е член на коалицијата За подобра Македонија што ја предводи ВМРО ДПМНЕ во локалниот совет како претставник на коалициониот партнер Сојуз на Ромите на Македонија.