Започна собирањето 10 илјади потписи за Закон за амнестија

by Фокус

Утринава започна акцијата за собирање 10 илјади потписи за Закон за амнестија низ канцелариите на Државната изборна комисија. Отворени се вкупно 33 места низ поголемите градови. Проблематично е што жителите на помалите места ќе мора да патуваат до соседните градови за да се потпишат.

Во наредните 80-тина дена граѓаните ќе имаат можност со својот потпис да побараат да се донесе законот и со него да се намалат казните на затворениците. Граѓанската иницијатива предлага казните на сите да се намалат за 40 отсто, додека на тие што се осудени до една година за 50 отсто, а тие кои имаат казни до шест месеци да им се укинат.

Организаторите очекуваат дека потписите ќе се соберат многу побрзо од законски определениот рок, а потоа најавуваат дека текстот на законот ќе го подготват експерти од кривичното право. Откако ќе го поднесат во парлементот пратениците ќе расправаат за неговата потреба и содржина.

Поврзани новости