Компанијата М Кар отвори нов продажно сервисен центар

by Фокус 11:05
11:05

По повод свеченото отворање на новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар, главен увозник и дистрибутер на возилата BMW и MINI за Македонија и Косово на прес – конференцијата се обрати генералниот директор на компанијата, Марко Јовановски.

Јовановски истакна дека менаџерскиот тим ќе функционира преку овремен пристап, свежа енергија и значително подобрен квалитет на грижа за корисници, а во новиот продажно сервисен центар, сопствениците на BMW и MINI возилата ќе можат да добијат врвна услуга, која ја заслужуваат како корисници на нивните премиум возила.

- Advertising -

Инаку, инвестицијата на компанијата М Кар изнесува 4,5 милиони евра која според Јовановски претставува долгорочна инвестиција со што ќе ги задоволи очекувањата на потрошувачите и корисниците на овие премиум возила.

Во сервисниот центар, опремен по највисоки стандарди, на корисниците ќе им бидат достапни и лимарско фарбарски услуги, кои ќе ги извршуваат искусни и квалитетни кадри обучени во Германија.

Исто така, на прес-конференцијата беше презентиран и менаџерскиот тим кој ќе раководи со компанијата пшредводена од Јовановски.

Поврзани новости