(ВИДЕО) Шилегов брка непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол

by fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов попладнево влезе во улога на сообраќаен полицаец и бркаше непрописно паркирани таксисти кај Сити Мол на улицата Љубљанска.

Шилегов дојде до својот автомобил, излезе и почна да им кажува на такситите да се тргнат, бидејќи такси станицата е поместена и веќе не се наоѓа таму. Град Скопје, при реконструкцијата на улицата, ја помести такси станицата подолу за да не се создава хаос пред влезот на паркингот на Сити Мол.

Додека траеше целата акција, Шилегов одеше во живо на својот Фејсбук профил и порача: Малку ред нема има.

 

Поврзани новости