Најмалку три лица загинаа денеска кога руски воен авион се урна во станбена зграда во Јејск, на брегот на Азовското Море на југот од Русија во близина на Украина, објавија руските новински агенции.
Министерот за цивилна заштита, Сергеј Штриков кажа дека уште шест лица се исчезнати, а други пет се во тешка состојба.
Авионот Су-34 се урнал при полетување на тренинг лет од воениот аеродром на Јужниот воен округ и паднал во дворот на станбена зграда, при што се запилото горивото во леталото и ја зафатило деветкатницата.
‼️🇷🇺 BREAKING:
The moment of the crash of the Su-34 in Yeysk. The footage shows how the engine of the plane flashes, it begins to lose altitude, falls and explodes. #Russia pic.twitter.com/3w5ZGIzdC6— Maimunka News (@Tb4O2u9c7MmZPmR) October 17, 2022
Пожарот зафатил најмалку пет од девет ката на зградата, а според официјалните лица, опфатил најмалку 17 станови.
Пилотите се катапултирале од леталото и се безбедни. Тие рекоа дека несреќата била предизвикана кога еден од моторите се запалил при полетување.
Јејск е град со 90.000 жители и во него се наоѓа голема база на руските воздухопловни сили. Градот се наоѓа спроти украинскиот град Мариупол.