(ВИДЕО) Путин посети ранети војници: Секако дека ќе се вратиш на бојното поле!

by Фокус

Владимир Путин му рекол на рускиот војник ранет во Украина дека „дефинитивно ќе се врати на бојното поле откако ќе закрепне од здобиените рани“.

Во внимателно организираната посета на болницата, неговата прва средба со војниците кои се борат во Украина, рускиот претседател облечен во бел мантил, ги прашал офицерите за нивните повреди и семејствата, но не ја спомнал војната, пишува Телеграф.

Откако офицерот му кажал дека еден од ранетите војници сака да се врати на бојното поле, тој го прашал човекот дали навистина има намера да продолжи да служи војска.

Кога мажот одговорил: „Секако дека имам намера“. Путин, кој носеше бел мантил преку костумот, одговорил:

„Секако дека ќе се вратиш на бојното поле во Украина“.

 

Руската војска не го ажурираше својот официјален број на загинати од март, но британските одбранбени лидери оваа недела рекоа дека е „веројатно“ Русија да загуби исто толку војници за три месеци војна во Украина колку што загуби Советскиот Сојуз за девет години борби во Авганистан.

Поврзани новости