(ВИДЕО) Протести против забраната на абортус во САД

by Фокус

Демонстрации се одржаа во сите поголеми градови на САД, по пресудата на Врховниот суд со која се поништи уставното право на абортус, по што поединечните држави сега ќе можат слободно да ги спроведуваат своите закони по ова прашање.

Протести се случуваат пред Врховниот суд на САД, стотици луѓе излегоа на улиците во Њујорк неколку часа по одлуката, два протестни марша се случија на Унион Сквер и Вашингтон Сквер, Бостон , Мајами Лос Анџелес, Тексас.

Во Феникс, Аризона, полицијата употреби солзавец да ги растера демонстрантите.

Неколку десетици демонстранти се собраа пред домот на судијата Кларенс Томас – еден од 6-те конзервативни судии кои гласаа „за“.

Седум американски држави го забранија абортусот веднаш по одлуката на Судот, уште седум ќе го сторат тоа во следните 30 дена. Ова се држави предводени од републиканците кои веќе донесоа многу строги ограничувања.

По одлуката на Врховниот суд, почнаа да се затвораат клиниките за абортус.

Голем број на американски компании рекоа дека се подготвени да ги покријат патните трошоци неопходни за нивните вработени да отпатуваат и да абортираат, доколку им биде правото на абортус ускратено во државата на живеење.

На прес-конференција во Белата куќа Американскиот претседател Џо Бајден се изјасни против одлуката.

Поврзани новости