Какво време не очекува викендов?

by Фокус

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен, а во западните делови умерен западен ветер.

Попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поврзани новости