Тензично беше синоќа пред домот на пратеникот Сашо Василевски во Охрид откако Јанко Бачев и Филип Петровски се обидуваа да го убедат како да гласа во иднина за уставните измени. Петровски го молеше Василевски да не го менува името и да не го брише АСНОМ од Уставот, а Бачев рече дека лаже кога вика дека гласал без притисоци.
-Каде бевте 11 месеци – ги праша Василевски.
-На улица бевме, ве повикуваме од февруари да си дадете оставка да не дојдете во ситуација да го менувате уставното име. Каде бевме. Цела година сме на улица. Палатата ја нема на улица – рече Петровски.
-Како може во 11 саат беше закажана седницата, а во 22.00 гласавте. Зошто? Немало притисоци?… Не се плаши. Овие битанги, Бејли, Хан, ќе си одат. им вети ли на охриѓани дека вака ќе гласаш во изборната кампања. Издржете, знам дека имате притисоци. Во затвор се оди, но од затвор се излегува – му рече Бачев.
Видео: Скопје1.мк