(ВИДЕО) Пожар во парк-шумата Гази Баба, пламени јазици и во близина на ПМФ

by irena 15:27
15:27

Нов пожар денеска избувна во парк-шумата Гази Баба.

Засега не се познати причините за избувнување на огнот, но според првичните информации, пожарот се шири брзо поради сувата вегетација, високите температури и ветрот кој денеска дува во главниот град.

Информациите кои ги има „Фокус“ се дека пламените јазици се доближија и до Природно-математичкиот факултет во Скопје, поради што вработените и студентите беа упатени да ја напуштат локацијата, а противпожарни возила се на местото каде е најкритично, за да интервенираат.

Парк-шумата Гази Баба изминатите години често беше цел на пожари, а дел од нив беа и намерно подметнати.

Слични вести