ВИДЕО) Пожар во фабрика за батерии во јужна Франција

by Fokus

Околу 900 тони литиумски батерии горат во фабрика за рециклирање батерии во јужна Франција, создавајќи облак од густ црн чад, соопштија денеска француските власти.

Пожарот избувнал во саботата во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивиез, северно од Тулуз, објави локалниот функционер Паскал Мазе на мрежата Х.

Весникот „Монд“ објави дека околу 70 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола. Локалниот функционер Чарлс Џусти изјави за телевизијата БФМ дека нема опасност за луѓето што живеат во близина.

Литиумските батерии се од витално значење во електричните уреди од телефони до електрични автомобили, но тие содржат запалливи материјали кои, во комбинација со енергијата што ја складираат, може да ги направат подложни на палење кога се изложени на топлина. Согорувањето на литиумските батерии е потенцијална опасност поради ослободување на токсични материи.

Издадено е безбедносно известување со предупредување дека, во случај на голем пожар, производите во фабриката најверојатно ќе испуштаат кадмиум.

Кадмиумот е многу токсичен и опасен за животната средина, но се наведува дека отровните испарувања не треба да претставуваат непосредна опасност по здравјето на жителите.

Поврзани новости