(ВИДЕО) Пожар во болница за Ковид во Индија, седум луѓе загинаа

by Fokus

Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со ковид-19 во Вијајавади, во југоисточна Индија.

Според информациите, пожарот избил утрото околу 5 часот по локално време во хотелот во кој биле сместени пациентите. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола, а преживеаните пациенти се преместени во друга болница.

Поврзани новости