(Видео) Пожар на источната страна на полуостровот Атика во Грција

by Fokus

Голем пожар избувна денеска во областа Куварас на истокот од грчкиот полуостров Атика, соопшти Бригадата за противпожарна заштита.

Пожарот избувнал нешто по пладне и се шири низ ниската вегетација.

Станбените области во моментов не се загрозени и покрај силниот ветер, пренесува „Екатимерини“.

Како мерка на претпазливост беше издаден итен аларм, но засега нема извештаи за евакуација.

За гаснење на пожарот беа ангажирани копнените и воздушните сили.

Тим од 30 пожарникари го гасне пожарот со 14 возила, поддржани од два авиона кои фрлаат вода и хеликоптер.

 

Поврзани новости