Стотици луѓе се уапсени за време на денешните протести во Москва, а меѓу уапсените е и Љубов Собаљ, кој се смета за главен противник на Владимир Путин.
Собаљ бил пресретнат од полицијата додека се возел во такси уште пред да се придружи на демонстрациите. Полициски службеници го извлекле од возилото и го уапсиле. Меѓу приведените демонстранти има и новинари и актери.
Задержания на Чистых прудах pic.twitter.com/GmoUPUgNHn
— Новая Газета (@novaya_gazeta) August 3, 2019
Полициските сили се распоредени насекаде низ Москва бидејќи демонстрантите овој пат маршираа низ главните улици, наместо како претходно да се соберат на плоштадите.
Според Ројтерс уапсени се над 600 луѓе. Гардијан пишува дека главните булевари во Москва се затворени за сообраќај и дека интернетот во главниот град е блокиран.
Руска „Нова Газета“, пак, пишува дека се блокирани бројни Јутјуб канали и дека се извршени хакерски напади на неколку сајтови.
Протестите се одржуваат во пресрет на септемвриските избори на градската власт во Москва, на кои опозицијата најверојатно нема да учествува.
Институциите одбиваат на листите да ги впишат опозициските кандидати со образложение дека не биле собрани доволно потписи.