Судот ги одби Османи и Нухиу, немаат право да го посетат Морина во притвор

by fokus

Кривичниот суд ги одби барањата на вицепремиерот, Бујар Османи, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, да го посетат поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој се наоѓа во екстрадициски притвор. Според дописот до кој дојде ТВ21, барањето се одбива бидејќи функционерите немаа право да посетуваат притворени лица.

„Во врска со вашето барање од 30.07.2019 година без број, да биде издадена согласност лицето Томор Морина, кое се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје, денес да биде посетено од страна на Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија д-р Бујар Османи и Заменик Министер за внатрешни работи Агим Нухиу, ве известуваме дека согласно одредбите од чл. 178 од Законот за кривична постапка, лица кои вршат функција Заменик Претседател на Влада на Република Северна Македонија и Заменик Министер за внатрешни работи, не се лица кои може да посетат притвореник“, се вели во известувањето од Судот испратено до Владата.

Поврзани новости