Полицијата му спрема кривична пријава на шоферот на комбето со музика на Шарената револуција, кој до доцна во ноќта беше на распит во полициската станица „Пролет“.
Според полицијата, 47-годишниот Н.П. бил уапсен околу 20.15 часот на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „11 Октомври поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело оштетување на туѓи предмети.
Во возилото, стои во соопштението на МВР, биле пронајдени и одземени три канти со дисперзиона боја од пет литри, две канти со кафена боја од три литри, девет канти со боја од еден литар, 11 спреја во разни бои, два ваљака за фарбање, поголем број на водени пиштоли, две импровизирани направи составени од пластични цедилки и гумени ластици (катапулти) како и други предмети кои, според полицијата, се предмет на кривично дело по член 243 став 2 од Кривичниот законик.
-По целосно расчистување и документирање на настанот против Н.П. ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Скопје“, стои во соопштението од МВР.
Од полицијата објавија и видео снимка од запленувањето на пикапот на Шарената револуција.