Ново задолжување за раздолжување

by fokus

Владата од домашните кредитори позајми скоро еден милион евра повеќе од планираното. Задолжувањето од 60,1 милион евра се спроведе преку продажба на 6 месечни и 12 месечни записи, како и преку обврзница со рок на доспевање од 10 години.

Утре пак, по основ на стари долгови, владата треба да врати скоро 60 милиони евра.

Инаку, заклучно  со првиот квартал од годинава јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 45 % од бруто домашниот производ и тој во изминатите години е во пораст.

Поврзани новости