(ВИДЕО) Под силно полициско обезбедување почна протестот за „Монструм“

by Fokus

Попладнево започна протестот против одлуката на Кривичниот суд за случајот „Монструм“. Демонстрантите се собраа во Чаир и го продолжуваат патот кон Судот, а потоа и кон Владата.

Забележително е силното полициско обезбедување на улиците кај ТЦ „Мавровка“, а на протестот се придружија и членовите на семејството на Алмир Али, малото момче од Куманово, за чиј случај во понеделникот во Куманово протестираа и побараа повторно судење, обештетување и ослободување на тројца членови на семејството на Алмир.

Протестите ги најавија роднините на првостепено осудените кои се жалат дека осудените се невини и осудени без докази. Демонстрантите маршираат со мото „Правда и слобода“.

Протестот можете да го следите на овој ЛИНК

Поврзани новости