(ФОТО) Цело Скопје блокирано, полициски кордон пред протестирачите за „Монструм“!

by Fokus

Во овие моменти се одржува протестот за поддршка на осудените од случајот „Монструм“, во кој беа убиени петмина македонски државјани во 2012 година.

На улиците низ главниот град, особено во реонот на ТЦ Мавровка, забележано е силно полициско обезбедување и оклопни возила.

Со првостепената пресуда која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече во вторникот (23 февруари) на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање.

Сами Љута доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.

Фото – Томислав Георгиев

Поврзани новости