Со оградување на прцелата и со полноќно пристигнување на градежната механизација почна изградбата на висококатница на зелената површина кај Мајчин дом во Аеродром. Градежните работи отпочнаа иако граѓаните остро се противат на планот ова парче зеленило да биде узурпирано.
На фејсбук групата „Сакам Аеродром да дише“ е објавено видео од багери кои почнале со работа во мрак синоќа на полноќ. На ова место се планира станбено-деловен објект кој ќе се издигне на осум ката.
Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот на Аеродром Златко Марин кој за време на кампањата за локалните избори бараше неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој објект, а сега самиот го дозволил. Жителите за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветување.