Јувентус не размислува за враќање на Погба

by fokus

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратици исклучи можност од враќање на Пол Погба во редовите на италијанскиот шампион.

– Ние го почитуваме, сакаме и сме во комуникација со Погба, но во ниту еден момент не сме размислувале да го вратиме во Торино.  Немаме такви амбиции и тој не е во нашите планови, соопшти Партици.

Погба е незадоволен од третманот што го има кај тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, па се шпекулираше за негово враќање во Јувентус.

Оваа сезона италијанскиот првак се засили со Кристијано Роналдо.

Поврзани новости