993
Традиција е децата на музичарите да одат по нивните стапки и да влезат во светот на музиката од мали нозе и да продолжат да чекорат по тој пат.
Така е и со Михаела Миа Перевска, повозрасната ќерка на фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски-Пере, која создаде нова песна насловена „В сон“.
Музика, аранжман, текст и продукција се на самата пејачка Перевска, гитара: Марко Цветаноски, мастеринг: Миа и Никола Перевски, видео анимација: Владимир Воиновски.
Таа се појави и на јубилејниот концерт во Кале, кога „Нокаут“ славеа 20 години од првиот концерт во оваа спортска сала. Тие заедно се почесто имаат заеднички соработки, а во неколку наврати Пере потенцираше за нејзиниот талент и љубов кон музиката.
Јорданчо Цветаноски