На осмото по ред ѕвездено небо одржано вчера беше промовирана нова песна од македонската музичка легенда, Тоше Проески, со наслов „Ефта пуране иконе“, како и нејзин спот. Оваа песна Тоше ја снимил неколку месеци пред трагичната несреќа во 2007 година за потребите на панк-операта „Дом за бесење“ на режисерот Емир Кустурица. Автор на „Ефта пуране иконе“ или во превод седум стари икони е Неле Карајлиќ, фронтменот на групата „Забрањено пушење“.
Екипата која работела на панк-операта која беше поставена во „Опера Бастиља“ во Париз, го повикала Тоше да биде и дел од операта, но бидејќи бил многу постар од ликот кој требало да го игра, соработката не се остварила. Тогаш и му ја дале композицијата „Ефта пуране иконе“, која се изведува во операта, и Тоше пробно ја снимил во своето студио.
Катерина Смилева