ВМРО-ДПМНЕ: Со мораториумот за бомбите ќе се заштитат човековите права

by Фокус

Илија Димоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа пресконференција по повод предлог-законот на неговата партија и на ДУИ за воведување мораториум за објавување на прислушуваните разговори на која рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дал збор пред  амбасадорите од САД и ЕУ и претставниците од политичките партии дека до 20-ти октомври во Собранието ќе биде донесен  ваков закон.

-Секој обид на СДСМ да го демантираат својот претседател е нивна внатрешна работа. Но обврската е преземена од претседателот на СДСМ и сметаме дека треба да се почитува. Неточни се тврдењата дека некој се плаши или бега од овие материјали. Целта е да се забрани нивна злоупотреба, да се заштити правниот поредок и да се заштитат оние граѓани кои можат да бидат уценувани, да бидат присилувани или да бидат под закана. Намерата е да се заштитат човековите права, изјави Димоски.

Тој демантираше дека со овој предлог-закон ВМРО-ДПМНЕ ја признава автентичноста на снимените разговори и повтори дека тие се креирани, сечени и монтирани.

Поврзани новости