ВИДЕО Од позиција на возач кој заврши во големиот верижен судар кај Будимпешта

by Fokus

Унгарските медиуми објавија видео од големиот верижен судар на автопат во близина на Будимшета, во кој учествуваа 42 возила. Видеото покажува колкава била невидливоста на автопатот поради песочната бура, но и со која сила и брзина удирале возилата.

Во сударот биле опожарени дваесетина возила. Едно лице почина, а телото е пронајдено под изгорен автомобил.

Во болница се пренесени 39 повредени, од кои 14 се во тешка состојба Меѓу повредените има и десет деца, а четири се со тешки физички повреди.

Поврзани новости