Видео од Бејрут е хит на социјалните мрежи – либанскиот премиер мислејќи дека е Мелони ја бакнуваше нејзината помошничка

by Fokus

Либанскиот премиер Наџиб Микати направи грешка кога на аеродромот во Бејрут срдечно ја пречека помошничката на италијанската премиерк мислејќи дека всушност тоа е Џорџа Мелони.

Во краткото видео кое стана вирално на социјалните мрежи Микати беше прикажан како чека на пистата за време на приемот на Мелони во Бејрут.

Медиумите ја идентификуваа помошничката како Патриша Скурти, која излезе од авионот пред шефицата на италијанската влада.

Микати отиде до Скурти, која носеше две торби, ја подаде раката и ја бакна во двата образа.

Потоа се сврте, за да ја следи по црвениот тепих кон главната зграда на аеродромот, кога еден од неговите помошници го извести за грешката:

Поврзани новости