Николоски: Со покачување на пензиите за 5.000 денари исправаме неправда кон стотици илјади луѓе, жртви на транзицијата

by Fokus

Од проектите во програмата која има 1198 проекти би издвоил неколку. Прво, линеарно зголемување на пензии за 5 илјади денари за да имаат подостоинствен живот, второ, за млади тука е проектот Купи куќа со поволни услови за да имаат свој дом, трето, огромни субвенции во земјоделието и правилна распределба, четврто, борба со корупција и криминал преку распуштање на Судски и обвинителски совет и воведување на функционална правна држава и петто, враќање на националната гордост на македонскиот народ.

Ова синоќа го изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на тв Алфа.

„Покачувањето на пензиите е суштинско прашање и се работ за неправда која треба да ја исправиме: Системот на определување на пензии е со 9 категории поврзани со стаж и колкава плата се земала во работен век и тоа во идеални услови може да е добро. Но, кога ќе видите кој во Македонија зема најниски пензии тоа се луѓето кои во деведесеттите ги изгубиле работните места при неправедната приватизација на СДСМ. Тие луѓе кои беа избркани од работа ли беа избркани ли не им плаќаат придонеси. Тоа го правеа директорите да ги обезвреднат фирмите, а дел ги земаа за без пари фирмите, а нивните деца се сега на функции. И тогаш и сега се страда од луѓе на СДСМ, од олигархијата“, кажа Николоски.

Тој посочи дека приоритет е и борбата со корупцијата и криминалот.

„Има неколку модели за кои треба да размислиме за избор на лицата во судски и обвинителски совет на пример еден е оној на кој се бираат членови на Антикорупциска, ама модел во кој судиите или обвинителите сами бираат луѓе кои треба нив да ги оценуваат во менталитет како македонскиот не носи до тоа да нема никаква доверба во оваа правосудна област“, вели Николоски.

Поврзани новости