590
На социјалните мрежи се појави уште едно видео, на кое уште појасно може да се види како докторот Сашо Василевски, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ги отвора собраниските врати, за да влезе толпата народ внатре во Законодавниот дом.
Дел од нив со фантомки на главите ги нападнаа и претепаа дел од пратениците од парламентарното мнозинство, меѓу кои беа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, пратеникот од Алијансата на Албанците, Зијадин Села…